Почеток Црна Хроника Ја убил партнерката во Штип и сам се пријавил во полиција

Ја убил партнерката во Штип и сам се пријавил во полиција

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Маж во Штип ја убил партнерката и сам се пријавил во полиција.

Според првичните информации, околу 20.15 часот во полициската станица во Штип дошол Ф.З. (25) и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П .

25-годишниот ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.

Тој кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип. Полициски службеници го нашле телото на жената. Во тек е увид на местото на настанот, во присуство на дежурен јавен обвинител. Телото на починатата жена е предадено на обдукција. Засега нема детали за мотивот.

Скоро секој ден има пријави за семејно насилство во полициските билтени. Имаше денови кога имаше и по 4-5 пријави.

 

The post Ја убил партнерката во Штип и сам се пријавил во полиција appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro