Едно од директинте сведоштва за политизацијата на денешниот работнички протест на ССМ е она на Васко Јолески, синдикален претседател на СО на Музејот од Струга, кој е разочаран од злоупотребата на работниците и ги обвини ССМ и говорниците дека звучеле како гласноговорници на опозицијата:
„Како претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински Струга кој учествуваше на денешниот протест пред Владата мислејки дека протестот е со цел за унапредување на работничките права, должен сум да го истакнам следното:
– Според начинот на којшто се одвиваше протестот и пораките кои што беа испратени од говорниците добив впечаток дека сум на погрешен протест, погрешно место, во погрешно време.
– Иако. претходно беше кажано дека протестот ќе биде исклучиво во знакот на работниците и работничките права, говорниците на истиот го покажаа спротивното. Тие постојано звучеа како гласноговорници на опозицијата против власта и со тоа дадоа сосема поинакво светло на самиот синдикален протест.
– Од тие причини, како претставник од СКРМ упатувам апел до претседателството на СКРМ да ја преиспита соработката со ССМ и во иднина да не се случуваат вакви испади каде што членовите на синдикатот се изманипулирани за политички цели.
Со почит
Васко Јолески
претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински и член на Советот на СКРМ“
