Почеток МАКЕДОНИЈА ЈПКД „Комуналец“ доби 1.212 нови канти за смет за домаќинствата и 59 контејнери

ЈПКД „Комуналец“ доби 1.212 нови канти за смет за домаќинствата и 59 контејнери

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Набавени се нови 1.212 канти за отпад, односно канти за хартија и за пластика, кои ќе бидат бесплатни за домаќинствата, и 59 контејнери, исто така, за овој вид отпад.

– Особено сакам да нагласам дека за прв пат почнуваме со трета канта за селекција на хартија и вакви канти ќе добијат околу 600 домаќинства – изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по пристигнувањето на кантите и на контејнерите во дворот на комуналното претпријатие.

Според него, тоа е значителен влог на Општината и на ЈПКД „Комуналец“ во селектирањето на отпадот и во заштитата на животната средина и тој е убеден дека и домаќинствата што ќе ги добијат овие канти ќе знаат да го вреднуваат тоа и дека правилно ќе го селектираат отпадот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro