Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков присуствува на манифестацијата „Галичка Свадба“.
-Ве поздравувам од срцето на Бистра – Галичник. Денес, Галичник повторно живее низ звуците на зурлите и тапаните, низ богатството на нашите обичаи и традиции. Од година во година, манифестацијата „Галичка свадба“ ни покажува дека е витална, жива, дише и зборува со јазикот на нашите предци, но и со надежта за иднината. Овде, во Галичник, е Македонија каква што ја сакаме и каква што сме должни да ја чуваме – достоинствена, длабока, раскошна во својот народен израз, објави Љутков.
Како Министерство за култура и туризам, вложуваме сè повеќе за да ги заштитиме овие нематеријални вредности кои не се мерат со бројки, туку со припадност, љубов и идентитет, истакана во објавата Љутков.
Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, се 88-ми пар кој ќе го изодат патот на обредната мијачка свадба. Нивната љубов е љубовта на сите што веруваат дека минатото и иднината имаат заедничка точка – народните обичаи.
На младоженците од срце им посакувам: да се сакаат долго, да бидат среќни и бериќетни, додаде министерот.