Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денес на 47. сесија во Париз ѝ даде на Република Македонија и Република Албанија дополнителна година за спроведување на корективни мерки за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, изјави министерот за килтура и туризам Зоран Љутков.
Оваа одлука е признание на заложбите на оваа Влада, но и јасен сигнал дека мораме да продолжиме со максимална сериозност и одговорност, потенцира Љутков.
-Да не заборавиме: 7те години од предходната власт беа загубени за Охрид – наместо заштита, видовме непостапување по експертски извештаи и системско уништување. Претходната власт го доведе регионот на работ да го изгуби статусот на светско наследство, наведува во изјавата.
Владата на Република Македонија со сите надлежни институции (МТ, МЖСПП, Управата за заштита на културно наследство, МНРиНТ и домашните експерти) ќе вложи максимален ангажман за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.
Тоа е наша должност – кон државата, кон граѓаните и кон идните генерации. Охрид го заслужува тоа!, потнцира Љутков.