Почеток СПОРТЊукасл одговори на обвинувањата на Исак: Никој не му ветил дека ќе го продадеме ова лето

Њукасл одговори на обвинувањата на Исак: Никој не му ветил дека ќе го продадеме ова лето

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шведскиот фудбалски ас Александар Исак синоќа за прв пат проговори за својата желба да го напушти Њукасл, а на клубот не му требаше долго време да проговори и јавно да му испрати остра порака.

„Кога ветувањата се прекршени и довербата е изгубена, врската не може да продолжи. Цврсто верувам дека промената е во најдобар интерес на сите, не само на мене. Така стојат работите во моментов, според мене“, сподели Исак на социјалните мрежи.

Њукасл веднаш објави соопштение во кое го осудува потегот на Исак.

„Разочарани сме што дознавме за објавата на Александар Исак преку социјалните мрежи вечерва. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека Алекс останува под договор и дека ниту еден клупски службеник никогаш не му ветил дека би можел да замине ова лето“, се вели во соопштението.

Тие додадоа дека ги штитат интересите на клубот.

„Условите за неговата продажба ова лето не се исполнети и не очекуваме тоа да се промени. Алекс е дел од нашето семејство и ќе биде добредојден да им се придружи на своите соиграчи“, соопшти Њукасл.

За потсетување, Њукасл претходно одби две понуди од Ливерпул за Исак, од кои последната беше 140 милиони евра. Остануваат уште 11 дена до крајот на преодниот рок, а ќе видиме дали ќе го видиме Исак во црно-белиот или црвениот дрес оваа сезона.

The post Њукасл одговори на обвинувањата на Исак: Никој не му ветил дека ќе го продадеме ова лето appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа