Почеток ЕКОНОМИЈА Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Снежана Јанева и ДПТУ Јавор-транс ДОО Струмица не се повеќе акционери во Герас Цунев-трговија АД Струмица и Герас Цунев-конфекција АД Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Тие ги продадоа акциите на ДГИ Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица, каде управител е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која веќе беше акционер над 5% во двете друштва.

Тотал инженеринг во Герас Цунев-трговија сега поседува 73,25% од вкупниот број на акции, а во Герас Цунев-конфекција, 73,30% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“

Пред неколку дена Тотал инженеринг објави намера за преземање на сите обични акции во двете друштва.

Во истите остана само уште еден акционер со над 5% од акциите, братучедот на Заев, Трајче Заев.

Во Герас Цунев-конфекција тој има 22,25% од акциите, а во Герас Цунев-трговија 22,14%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герас Цунев-трговија со загуба во третиот квартал

Герас Цунев-конфекција со добивка во третиот квартал

По намерата за преземање од „Тотал инженеринг“ на Вице Заев, „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ на Листата за набљудување на Берзата

The post Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro