Бавно реагирал персоналот при бегството на двете деца од детската градинка. Виновните ќе добијат административни санкции – од укор до отказ, рече Десислава Желјазкова, раководител на секторот Образование при администрацијата на Софија, во гостување на националната телевизија бТВ утрово.
Вчера момче на 5 години и девојче на 7 години избегале од детската градинка „Ѕвонче“ во софиската населба Хаџи Димитар, па се возеле со метрото, биле на детски игралишта и отишле во мол. Полицијата ги нашла на околу 5 километри од детската градинка.
„Вината е на вработените, директорот во паниката не ја известил општинската администрација, но го известил МВР. Вратите во детските градинки не може да се заклучуваат на сложен начин, поради мерките за противпожарна безбедност“, појаснува Желјазкова.
Инаку, децата незабележани од никого, по ручекот, ја отвориле вратата на дворот на градинката и заминале. По нив се трагало околу 40 минути.
The post Ќе има и откази поради вчерашното бегство на две деца од градинка во Софија – се возеле во метрото, отишле во мол appeared first on Локално.