Почеток СПОРТ Ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар

Ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Актуелниот селектор на ракометната репрезентација на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и најмалку до крајот на сезоната ќе ги предводи „црвено-црните“. Управата на вардарци постигна договор за соработка до крајот на сезонава, со можност  да биде продолжена. Милано наредната недела ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар.

-Голема чест е  да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа. Јас ја  имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност мотивирајки ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам се за Вардар, да оставам се на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот. Возбуден сум што ќе бидам дел од ова ново поглавје во мојата кариера и ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар, изјави Милано.

Милано со машката репрезентација на Аргентина има учествувано на над 50 меѓународни турнири, вклучувајќи и четири Олимписки игри, 19 светски првенства, 4 Панамерикански игри, 4 Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20 меѓународни турнеи. Во своето тренерско образование има учено и бил на обуки со многу познати тренери како Талант Душебаев, Мануел Кадењас, Мануел Лагуна, Дидие Динар, Хавиер Пасквал и Тони Џерона.

Во моментов е селектор на машката репрезентација на Аргентина. Претходно беше помошник тренер, а бил одговорен и за сите младински селекции на Аргентина. Со „гаучосите“ настапи на последните Олимписки игри во Франција, на СП 2023 година во Полска и Шведска, а беше победник на Панамериканските игри во 2024 година победувајќи го Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro