Почеток МАКЕДОНИЈАЌулавкова: Македонскиот јазик е заштитен со Преспанскиот договор, предлогот на Милошоски е руски рулет

Ќулавкова: Македонскиот јазик е заштитен со Преспанскиот договор, предлогот на Милошоски е руски рулет

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Академик Катица Ќулавкова го критикува предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за предлогот за заедничка резолуција на Македонија со Бугарија за потврда на македонскиот идентите и јазик.

„Предлогот за заедничка резолуција на Македонија со Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик, сугериран од г. Антонио Милошоски, ја загрижува македонската научна и културна јавност и во никој случај не би требало да се процесуира официјално од македонските државни институции, од повеќе причини:

– Македонскиот јазик има свој историски континуитет и развој, свој дијалектен систем, своја кодификација, свои предкодификации и признанија во текот на многувековната историја и не смее да биде предмет на произволни политички и партиски ставови;

— Македонскиот јазик е признаен од славистиката и во науката за јазикот во меѓународни рамки;

– Македонскиот јазик е признат од ОН уште од самото нивно основање;

– Македонскиот јазик беше и е признаен од две третини најмалку од постојните држави во светот;

– Македонскиот јазик е признаен во меѓуанародните асоцијации на писателите (Меѓународен ПЕН и др.)

– Од македонски јазик и на македонски јазик се преведени илјадници книги и автори;

– Македонското јазично прашање е заштитено и со Преспанскиот договор;

– Македонскиот јазик беше официјален државен јазик на Југославија, како и на Македонија и кога беше во составот на федерацијата и од основањето на независна Република Македонија;

– Постојат бројни лекторати за македонски јазик во Европа и светот;

– Македонистиката е ценета научна дисциплина, и тоа никој не го довел во прашање;

Затоа, да се бара од соседна Р. Бугарија да поднесеме заедничка Резолуција пред Европскиот парламент за признавање на македонскиот јазик, за признавање на ноторен лингвистички, научен и културен факт, е еден вид „руски рулет“ за Македонија, крајно неодговорен чин.

Билатералните политички спорови треба да си останат локални, билатерални и политички, а не да им се даде шанса да го загрозат статусот кој веќе е стекнат по сите основи.

Подобро е македонската Влада да ги поддржи како стратешки приоритетни научните проекти за македонскиот јазик на МАНУ, Институтот за македонски јазик и др. институции, да ги стимулира младите да го изучуваат и да се вработуваат соодветно, да ја шири и подобри мрежата на лекторати по македонски јазик и др. и да не дозволи импровизација со политички партии, групации и лоби групи во ЕП“, напиша таа.

Можно е и ова да ти се допаѓа