2
Иако турските медиуми речиси секојдневно шпекулираат за иднината на Един Џеко, денешните информации од реномираниот фудбалски инсајдер Екрем Конур се земаат за нешто посериозно бидејќи станува збор за новнар кој соработува со „ЕСПН“ и „Би-Би-Си“.
Како што наведува, раководството на турскиот клуб по неколку состаноци одлучило да не му понуди продолжување на соработката и да го отпише по завршувањето на сезоната.
Иако Џеко сезонава постигна значаен број голови, особено во првиот дел, падот на формата на Фенербахче и губењето на сите можни трофеи очигледно го поттикнале клубот да започне со реконструкција на тимот под водство на Жозе Мурињо.
Според Конур, Џеко веќе има неколку понуди на маса. Една од нив доаѓа од сплитски Хајдук, клуб кој веќе неколку години наназад се поврзува со капитенот на босанската репрезентација. Од Хрватска му нудат договор на една сезона со можност за продолжување уште една, доколку двете страни бидат задоволни.
Освен од Хајдук, Џеко добил понуди и од клубови од Италија и Саудиска Арабија, но засега не се открива кои точно тимови се заинтересирани.
Фото: Fenerbahçe SK/X
24fudbal.mk