Хелен Мирен верува дека улогата на најпознатиот таен агент во историјата на киното треба да ја игра маж, иако, вели таа, е „феминистка“.
-Не може да биде жена. Едноставно не функционира. Џејмс Бонд мора да биде Џејмс Бонд, инаку станува нешто друго“, изјави добитничката на Оскар во интервју за списанието Сага.
Амазон МГМ Студио ќе го продуцира следниот филм за Џејмс Бонд, а креаторот на серијата „Peaky Blinders“ (Бирмингемската банда) Стивен Најт ќе го напише сценариото за 26-от филм од серијата за британскиот таен агент 007.
Американската продукциска и дистрибутивна компанија претходно објави дека планира „свеж“ пристап, но и дека ќе го почитува „наследството на иконскиот лик“.
Хелен, која има 80 години, моментално глуми во адаптација на „Thursday Nightclub“, во која игра пензионирана шпионка. Пирс Броснан, поранешниот Џејмс Бонд, исто така ја игра главната улога со неа.
И 72-годишниот Броснан смета дека мажот треба да продолжи да го игра Бонд и е возбуден што „гледа сосема нова страст и живот за овој лик“.
Броснан го играше агентот 007 во четири филма, почнувајќи со „Голденај“ во 1995 година и завршувајќи со „Умри друг ден“ во 2002 година.
Овие актери не се првите што се спротивставуваат на идејата жена да го игра Бонд.
-Во 2025 година, убаво е да се каже: „О, таа треба да биде жена“. Но, не сум сигурна дека тоа е точно, рече Хали Бери, која исто така глумеше во „Умри друг ден“, на Канскиот филмски фестивал.
Франшизата за Џејмс Бонд е во сопственост на семејството Броколи повеќе од 60 години. Постојат многу шпекулации за тоа кој ќе го игра Џејмс Бонд следниот пат. Британските актери Арон Тејлор-Џонсон и Џејмс Нортон се споменуваат како главни кандидати за улогата.