Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа против Лос Анџелес Клиперс во првиот меч од плеј-офот и поведоа со 1:0 во серијата од првата рунда.
Најдобар поединец во домашниот тим беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 29 поени, 12 асистенции и девет скока, а по дуелот имаше и мини-инцидент кој лесно можеше да заврши многу поинаку.
Имено, Јокиќ излезе на стандардната прес-конференција по мечот, седна на столчето, но за малку ќе паднаше од него. Можеме да кажеме дека социјалните мрежи ќе се вжештеа доколку центарот на Нагетски навистина паднеше.
Погледнете како тоа изгледаше:
The post 🎥Урнебеснa реакција: Јокиќ за малку ќе паднеше од стол на прес-конференција appeared first on Локално.