Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска објави нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција. Овој пат на неа можат да се забележат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Изет Меџити, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, лидерот на СДСМ, Венко Филипче и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Според објавата, Мицкоски е облечен како фудбаски судија, а останатите функционери и претседатели на партии разменуваат „партиски дресови“.
Покрај фотографијата, Арсовска испрати порака до партиите.
-Пола од тие од ДУИ и СДСМ што збореа дека ја покрадоа и уништија државата, денес им се во Влада и не смеат да им писнат. За тие што велеа ја дуизираат Македонија, криминалците од ДУИ и оној што го нарекуваа предавникот Заев си шетаат по Дубаи.
Единствен осуден од ДУИ излезе дека е Стевчо Јакимовски.
Овие во Чаир 225 милиона евра испрале, во моментов темели на нови 50 згради без дозвола и без платени комуналии прават, за нив МВР и Обвинителство се на одмор, па ќе одат на боледување, па ќе чекаат да заборавите. Крадат вода, крадат струја, а вие побрзајте платете си ги сметките на време, истакна градоначалничката.
Вчера Арсовска го објави „својот сон“, според кој, како што пишува „Меџити ја руши дивоградбата на Османи“.
Арсовска го објави својот сон: „Меџити ја руши дивоградбата на Османи“
The post 📷Арсовска со нова фотографија со вештачка интелигенција: Мицкоски како судија, Димитриевски и Меџити „разменуваат дресови“ appeared first on Локално.