Почеток МАКЕДОНИЈА📷Постојано го чистиме просторот, но бездомниците се враќаат – велат од Општина Центар за „Локално“ за напуштениот дуќан кај старата Германска амбасада

📷Постојано го чистиме просторот, но бездомниците се враќаат – велат од Општина Центар за „Локално“ за напуштениот дуќан кај старата Германска амбасада

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Центар интевенирала кај напуштен дуќан во центарот на Скопје, во близина на старата Германска амбасада. Изминатиот период на просторот се собираа бездомници при што местото си го претворија во живеалиште. Од локалната самоуправа велат дека денеска повторно го исчистиле просторот.

„Нашите инспекциски служби пред еден месец го исчистија просторот по претходна пријава од граѓани меѓутоа бездомниците очигледно се вратиле. Денеска повторно искочија на терен нашите инспекциски служби и повторно просторот е исчистен.

Ова не е решение затоа што ние ги иселуваме од тука, они се населуваат на следната најблиска запуштена локација. Изминатиов период имавме неколу вакви акции и ќе продолжиме и во иднина“, велат од Општина Центар за „Локално“.

Претходно граѓани се пожалија до нашата редакција дека цело семејство се вселило на запуштен простор на самата раскрсница на булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Димитрија Чуповски“ во центарот на главниот град. Порачаа дека се загрижени и прашува зошто не се средува просторот.

Исто така пристигнуваа поплаки дека од местото се шири неподнослива миризба.

The post 📷Постојано го чистиме просторот, но бездомниците се враќаат – велат од Општина Центар за „Локално“ за напуштениот дуќан кај старата Германска амбасада appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа