Познатиот музичар Ози Озборн се прости од музичката сцена со проштален концерт во Бирмингем – местото каде што започна неговата кариера и кариерата на неговата група Блек Сабат. Концертот беше пренесуван во живо.
Озборн (76) пееше седнат на црн трон, до којшто беше донесен од стјуарди. Тој страда од Паркинсонова болест, а претходниот настап му беше пред шест години.
И покрај се, концертот во „Вила Парк“ беше историски настан – првпат по 20 години со „кралот на мракот“ настапија и членовите на класичниот состав на Блек Сабат – Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд. Четиримината исполнија пет песни: I Don’t Know, Mr. Crowley, Suicide Solution, Mama, I’m Coming Home, а за финалето беше оставена Crazy Train.
Концертот на Озборн беше кулминација на 10-часовен рок маратон, во кој настапија и Стивен Тајлер од Аеросмит, потоа Металика, Слејер, Ганс ен Роусес, Алис ин чејнс, Пантер, Антракс и други.
The post 📹 Ози Озборн одржа проштален концерт во Бирмингем appeared first on Локално.