Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ📽Моментот кога цел свет дозна за тајната афера што е топ тема во сите светски медиуми

📽Моментот кога цел свет дозна за тајната афера што е топ тема во сите светски медиуми

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Извршниот директор на компанијата Astronomer, Енди Бајрон стана топ тема во сите светски медиуми, откако беше фатен на дело дека има афера со неговата директорка за човечки ресурси во компанијата, Кристин Кабот.

Сигурно, ниту еден од нив не очекувал дека вечерта помината на концертот на бендот Colplay во средата (16.07) ќе заврши толку неславно и тие двајцата ќе бидат во моментов најозборуваниот пар во сите светски медиуми.

Како што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи, Енди и Кристин уживале прегрнати во концертот на Coldplay, сè до мигот додека не биле фатени на големиот екран што снима во публиката.

О, погледнете ги овие двајца!“ – вели фронтменот на бендот, Крис Мартин, кога тие беа фатени на камера.

Кога сфатија дека тие се во фокусот, прво Кристин почна панично да го крие лицето, а Енди клекна долу…

Или имаат афера, или се многу срамежливи“ – вели фронтменот за нивната реакција.

Инаку, Енди и Кристин работеле заедно од ноември минатата година. Компанијата Astronomer се занимава со вештачка интелигенција и обработка на податоци, а се проценува дека вреди околу 1,2 милијарди долари.

Енди е во брак со сопругата Меган Кериган Бајрон, додека, Кристин неодамна се развела од сопругот.

Погледнете го видеото од мигот кога тие двајца беа фатени на дело:

@instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound – grace

The post 📽Моментот кога цел свет дозна за тајната афера што е топ тема во сите светски медиуми appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа