Гладот „чука на секоја врата во Газа“, порача Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нарекувајќи ја ситуацијата во палестинската енклава што речиси две години е под оган од израелската војска, вистински „хорор“.
Зборувајќи на специјалната седница на Советот за безбедност на ОН, Генералниот секретар напомена дека „пропустите да се почитуваат меѓународните договори доаѓаат во време на зголемување на геополитичките поделби и конфликти.
„А цената е застрашувачка – мерено во човечки животи, здробени заедници и загубени иднини“, рече тој, насочувајќи ги потоа своите почетни критики кон Израел и кон ситуацијата во Газа.
„Не треба да гледаме подалеку од хоророт во Газа – со ниво на смрт и уништување без паралела во денешно време. Неисхранетоста се зголемува. Гладот чука на секоја врата.
И сега го гледаме последниот здив на хуманитарниот систем изграден врз хуманитаристички принципи. На овој систем му се оневозможени услови да функционира. Оневозможен му е простор да ги исполнува обврските. Оневозможена му е сигурноста за да спасува животи“, рече Гутереш.
Во продолжение, тој рече дека интензивирањето на воените операции на Израел, опустошувањето ќе продолжи.
„Со интензивирањето на израелските воени операции и со новите наредби за прогонување од Деир ал Балах, врс опустошувањето се реди ново опустошување“, рече Гутереш.
Во изминатите 24 часа, 15 луѓе, вклучувајќи и 4 деца, умреа од глад во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа.
Израел ги попречува хуманитарните мисии на организации од семејството на ОН и други хуманитарни организации а непречена работа овозможува само на „невладината“ Хуманитарна фондација за Газа. Но независните извори и органите на ОН предупредуваат дека од 1.054 Палестинци убиени од израелски војници додека чекале хуманитарна помош, речиси 800 се убиени кај пунктовите на Хуманитарната фондација за Газа.
The post 📽 Гутереш: Нивото на смрт и уништување во Газа без паралела, гладот чука на секоја врата appeared first on Локално.