Мече било снимено како движи во дворот на средно училиште во селото Несторио во грчкиот регион Касториа (Костур), најверојатно барајќи храна, известија грчките медиуми.
Мечето шетало полека низ дворот, а кога првпат здогледало луѓе, почнало да трча низ дворот во страв, а потоа избегало.
Некои луѓе на социјалните мрежи се шегуваат дека мечето „не знаело дека сега е распуст“, а некои велат и дека „тргнало да се запишува“.
Како и да е, ова не е изолиран инцидент во западниот, претежно планински дел на Грција, каде честопати се забележуваат мечки до населените места, а некогаш тие влегуваат и до живеалиштата, барајќи храна.
The post 📽 Изгледа тргнало да се запишува? Мече влегло во двор на средно училиште кај Костур appeared first on Локално.