Почеток СВЕТ📽 Интервјуто со шефицата на АфД саботирано – излезе тежок дебакл

📽 Интервјуто со шефицата на АфД саботирано – излезе тежок дебакл

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Секое лето, Првата и Втората програма на германскиот национален радиодифузер (ARD и ZDF) емитуваат интервјуа со водечките политичари во земјата. Во неделата (20 јули), на ред на програмата на ARD дојде претседателката на партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD), Алисe Вајдел, пренесува Дојче веле.

AfD е партија што делумно се сфаќа како екстремно десничарска и ниту една друга партија во Бундестагот не сака да соработува со неа или да формира коалиција. Но AfD на вонредните парламентарни избори во февруари постигна историски успех станувајќи втората најголема сила во Бундестагот и истовремено најголемата опозициска партија.

Поддршката за AfD и понатаму расте, што ги загрижува партиите од центарот, како и дел од граѓаните на Германија.

Во текот на интервјуто со Вајдел во Берлин се собраа дваесетина противници на AfD коишто со галамење и пуштање музика од автобусот што го паркираа близу студиото го попречуваат интервјуто, па новинарот и политичарката едвај се разбираа, а гледачите не можеа нормално да го следат интервјуто.

Според нивното признание, зад оваа акција стои „уметничко-политичката група“ „Центар за политичка убавина“, која токму за вакви протести и саботажи опреми еден автобус со извонредно силни звучници.

На социјалните мрежи и во некои медиуми се појавија обвинувања дека ARD требало да го прекине интервјуто и дека на овој начин само направиле реклама на AfD.

The post 📽 Интервјуто со шефицата на АфД саботирано – излезе тежок дебакл appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа