Почеток СВЕТ📽 „Смрт на Арапите!“ – поради оваа парола шпанска компанија исфрлила од авион 50 еврејски ученици, Израел не се согласува

📽 „Смрт на Арапите!“ – поради оваа парола шпанска компанија исфрлила од авион 50 еврејски ученици, Израел не се согласува

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанската авиокомпанија „Вуелинг“ категорично ги демантираше денеска обвинувањата за антисемитизам, откако исфрли од свој авион група француски ученици и директорка на летен камп, јавија израелски медиуми.

Во извештаи на медиумите и во постови на социјалните мрежи се вели дека групата е отстранета откако во авионот се чуло како ученици – Евреи на возраст од 10 до 15 години како пејат на хебрејски. Групата притоа извикувала пароли како „Смрт на Арапите!“ и плукале еден патник што возвратил со „Слобода за Палестина!“.

Околу 50 деца – Евреи и 21-годишната директорка на летниот камп биле исфрлени од авионот кој требало да лета на релација Валенсија – Париз.

„Вуелинг“ во соопштението нагласува дека тинејџерите покажале „многу нарушувачко однесување, доведувајќи го во опасност сигурното изведување на летот“. Авиокомпанијата вели дека групата манипулирала со опремата за итни случаи и ја попречувала обврзувачката демонстрација за безбедност и евакуација на патниците, повеќе пати игнорирајќи ги упатствата на кабинскиот персонал.

„И покрај неколку предупредување, неприкладното однесување продолжи, што нѐ примора на итно активирање на утврдените безбедносни протоколи“ вели „Вуелинг“, налгасувајќи дека екипажот притоа, постапувајќи во „целосен професионализам и во склад со правилниците на Вуелинг“ побарала интервенција на шпанската полиција.

Безбедносните сили потоа ја отстраниле од авионот групата „за да се даде приоритет на безбедноста на останатите патници“.
Кога стигнале на терминалот, некои членови на групата „останале агресивни“, а одредени лица се одликувале со „насилно однесување“ спрема властите, што довело до едно апсење, објаснува „Вуелинг“. Уапсена е директорката на летниот камп.

Во извештаи на медиумите и во постови на социјалните мрежи се вели дека групата е отстранета откако во авионот се чуло како ученици – Евреи на возраст од 10 до 15 години како пејат на хебрејски. Групата притоа извикувала пароли како „Смрт на Арапите!“ и плукале еден патник што возвратил со „Слобода за Палестина!“.

Израелскиот министер за дијаспора и борба против антисемитизмот Амихаи Чикли ги повтори овие извештаи, тврдејќи дека директорот на кампот бил уапсен во „сериозен антисемитистички инцидент.

За Чикли, посадата на „Вуелинг“ рекла дека „Израел е терористичка држава“ и тврди дека инцидентот бил поттикнат од „кампањата на лаги на Хамас“.

The post 📽 „Смрт на Арапите!“ – поради оваа парола шпанска компанија исфрлила од авион 50 еврејски ученици, Израел не се согласува appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа