Почеток СВЕТ📽 Трагичните последици на гладот во Газа: „Дури во градите на мајките повеќе не се создава млеко!“

📽 Трагичните последици на гладот во Газа: „Дури во градите на мајките повеќе не се создава млеко!“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Палестински новороденчиња умираат поради тоа што нивните мајки се прегладнети и поради тоа го изгубиле млекото со кое би ги доеле. Дури и болницчарите што ги лекуваат прегладнетите во болницата Шифа на северот на Газа се толку гладни и болни што некои од нив колабираат и мора да примаат инфузија, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Според палестинските здравствени власти, најмалку 111 луѓе умреле од глад, вклучувајќи тука и 80 деца, во последните седмици. Во вчерашното деноноќие од глад починале десетмина.

Дури и луѓето што се обидуваат да дојдат до храна на пунктовите за хуманитарна помош ги ризикуваат своите животи. Канцеларијата на ОН за човекови права објави дека израелските сили од мај убиле повеќе од 1.000 Палестинци што се обидувале да дојдат до храна во појасот Газа – најголемиот дел од нив од „Хуманитарната фондација за Газа“, единствената што Израел ја прифаќа, а за која сите други, вклучително и ОН велат дека е помагач на израелската војска.

 

„На децата им откажуваат виталните органи, немаме храна“

Мохамед Абу Салмија, директорот на болницата Шифа за „Индепендент“ вели дека најмалку три деца на неговите одделенија умреле од глад.

„Децата стигнуваа во критична состојба. Беа коски и кожа. Сите витални органи им откажуваа. Нема адаптирано млеко. Нема храна. Дури во градите на мајките повеќе не се создава млеко“, објаснува Салмија, велејќи дека неговите вработени се гладни, работат дневни и ноќни смени без храна и честопати не можат да помогнат.

Раководителот на агенцијата на ОН за палестинските бегалци вели дека нивниот персонал, како и лекарите и хуманитарните работници, колабираат на должност во Газа поради глад и исцрпеност.

„Никој не е поштеден: и на оние што се грижат за другите во Газа сега им треба нега. Лекари, медицински сестри, новинари и хуманитарци се гладни“, вели Филипе Лазарини, главниот секретар на UNRWA.

Халед Мохамед ал Набриси е лекар во Деир ал Балах, подрачје во кое се спроведува евакуција.

 

Хуманитарниот систем во Газа колабираше

Според палестинските здравствени власти, израелските сили убиле речиси 60.000 Палестинци во Газа како одговор на нападите на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023, кога убија најмалку 1.200 луѓе и киднапираа најмалку 250.

Но, во последните седмици, првпат од почетокот на војната, палестински официјални лица тврдат дека сега во Газа се умира од глад. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во вторникот го обвини Израел дека Газа ја приморал на изгладнување со блокирањето на помошта.

📽 Гутереш: Нивото на смрт и уништување во Газа без паралела, гладот чука на секоја врата

Организациите за човекови права, меѓу кои и Амнести Интернешенел велат дека има докази што укажуваат на „континуирано користење на гладот во спроведувањето на израелскиот геноцид врз Палестинците. Во заедничкото соопштение на 115 организации пишува:

„Болести како акутниот водлест пролив се шират, пазарите се празни, ѓубрето се натрупува, а возрасни колабираат на улиците од глад и дехидратација. Хуманитарниот систем не потфрли, тој е спречен да дејствува“.

 

Масакри на пунктовите за дистрибуција на храна
На пунктовите за дистрибуција на храна се случија бројни масакри. Светската програма за храна објав дека маси Палестинци, очајнички желни да добијат помош од конвојот камиони на Програмата кој во неделата влезе во Газа, биле цел на оган од израелските снајпери, тенкови и други оружја.

Очевидци за „Индепендент“ велат дека била гранатирани и гаѓани додека се обидувале да земат вреќи со брашно. ОН потврди дека повеќе од 870 Палестинци се убиени додека се обидувале да дојдат до хуманитарна помош на пунктовите за дистрибуција.

Израел повеќепати досега негираше дека вршел какви било злосторства во Газа, вклучувајќи и користењето на гладот како оружје или гаѓање цивили на пунктовите за помош. Израелските власти исто така повеќепати го обвинуваа Хамас дека ја краде помошта за издршка на своите воени активности.

„Газа не се соочува со хуманитарна криза, туку со криза предизвикана од Хамас“, рече Давид Менцер, портпарол на израелската влада на дневниот брифинг во средата.

„Хамас ја каде помошта и ја продолжува војната. Израел нема да дозволи Хамас да ја изгладнува Газа и за тоа да го обвинува Израел. Светот мора да ја раскринка оваа сурова манипулација. Трагедија е дека деца во Газа страдаат, но страдаат поради Хамас“.

Во вторникот британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во интервјуа за медиумите сугерираше дека Израел би можел да се соочи со дополнителни санкции од ОК ако не се согласи на прекин на огнот во Газа, додавајќи дека е згрозен од постапките на Израел.

Фотографија: Itamar Avneri on X.com

Килограм шеќер чини 100 долари

Цивилите на терен велат дека одат кон крајот.
„Пред три дена брашно речиси снема, а цената за килограм достигна 50 долари. Во ситуација сме во која не можеме да купиме храна дури и кога имаме пари“, вели Ихаб Абдулах, универзитетски професор кој издржува семејство од 9 члена.

Ваџих ал Наџар (70) од Газа, кој издржува семејство од 13 члена, вели дека килограм ориз чини 30 долари, а килограм шеќер речиси 100 долари.

„Сите станавме гладни и едвај можеме да јадеме еден оброк дневно, ако можеме да си го дозволиме. Луѓето се присилени да одат во смрт во потрага по некаква помош“.

 

The post 📽 Трагичните последици на гладот во Газа: „Дури во градите на мајките повеќе не се создава млеко!“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа