Почеток 13-месечно бебе од Србија се загуши со храна во ресторан на Халкидики

13-месечно бебе од Србија се загуши со храна во ресторан на Халкидики

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Одморот на семејство од Србија им се претвори во вистински кошмар. Нивното 13-месечно бебе се загушило со храна, за време на вечерата во ресторан во Ормос Панагиас, на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Детето во еден момент започнало да се дави, и откако не успеале да му помогнат повикале Брза помош, која најпрво го однела во здравствениот центар Агиос Николаос, а потоа и во болницата во Полигрос.

Бебето починало во текот на ноќта, а причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција.

Фото: Unsplash

The post 13-месечно бебе од Србија се загуши со храна во ресторан на Халкидики appeared first on еМагазин.