Полицијата во Белград го уапсила М. М. (14), кој заедно со своите двајца другари, во парк во Белград, со закана со нож и електрошокер одзел патики од малолетни момчиња.
Како што е познато, М. М. им пришол на момчињата Г. В. (13), Л. П. (12) и В. Ж. (14) и со закана со оружје побарал да ги соблечат новите патики. Имал поддршка од своите двајца пријатели.
Случајот е во надлежност на Вишото јавно обвинителство на Одделот за малолетници во Белград.
Неофицијално, малолетникот бил сослушан во присуство на родителите.
Текстот 14-годишник со закана со нож и електрошокер им одзел патики на тројца врсници во Белград е превземен од МАКФАКС.