Почеток МАКЕДОНИЈА18-годишник со потекло од Македонија упасен во Австрија за планиеање терористички напад

18-годишник со потекло од Македонија упасен во Австрија за планиеање терористички напад

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми. Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции. Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.

По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа. Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.

Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.

Текстот 18-годишник со потекло од Македонија упасен во Австрија за планиеање терористички напад е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа