Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа 360 degrees season 11, show 20 – Дали Моника Зајкова е меѓу 80-те пратеници на кои смета премиерот

360 degrees season 11, show 20 – Дали Моника Зајкова е меѓу 80-те пратеници на кои смета премиерот

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on November 25, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Дали екслидерот на партијата и актуелен амбасадор во Словенија, Горан Милевски, стои зад иницијативата за вонреден конгрес и оставка на Моника Зајкова, е едно од прашањата на кои одговара претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Зајкова, која соопшти дека во парламентот ќе дејствува независно, ја прашуваме и колку е политички морално да му врти грб на СДСМ на чија листа стана пратеничка, дали некои од нејзините изјави (на пример, за уставни измени со одложено дејство или за воведување законска можност за отповикување градоначалник на референдум) се во функција на доближување до ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе гласа за нов состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за што е неопходно двотретинско мнозинство во парламентот, дали битката за превласт во ЛДП е, всушност, битка за тоа кој ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и ќе го договара делот од колачот… Разговараме и за законските иницијативи на ЛДП, како што е последната за укинување на дел од надоместоците и провизиите што ги наплаќаат банките за различни услуги за граѓаните и фирмите.

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro