Broadcasted on December 23, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Во екот на серија настани што директно ја тангираат политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), особено по отворањето истрага, бегството и ставањето на американската „црна листа“ на Артан Груби, во „360 степени“ гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, вицепремиер за евроинтеграции и министер за здравство. Го прашуваме дали знае каде е Груби, дали има и државјанство на Албанија, зошто би бегал ако е „чист како солза“, зошто лидерот Али Ахмети остана глув на сигналите што ги добиваше дека треба да се дистанцира од Груби, како ова ќе влијае на поддршката од гласачите… Разговараме за основаноста на барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори в година заедно со локалните, за реакциите на иницијативите за оценување на уставноста на делови од Законот за употреба на јазиците, застојот во пристапниот процес кон ЕУ и намерата на власта да врати девет амбасадори поради тоа што биле пратени без да ги претстават тезите во Собранието.
Прегледи: 34