Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360 degrees season 11, show 48 – За истрагата, лиценцата и повредените во трагедијата во Кочани

360 degrees season 11, show 48 – За истрагата, лиценцата и повредените во трагедијата во Кочани

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on March 24, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 е поделено на три сегменти. Првиот е посветен на досегашниот тек на истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани и дилемите што се појавија во врска со тоа – зошто обвинителството се реши за мегапредмет, зошто сите 27-мина се осомничени за исто кривично дело, како се прави врска за „верижни пропусти“, зошто во веригата ги нема актуелните директори на ДПИ и ДЗС, а ни актуелните полициски функционери во Кочани и Штип. На овие прашања за соговорничка ја имаме адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Во вториот дел, со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески разговараме за издавањето лиценци за дискотеки, ноќни клубови и кабареа, кој е вработениот осомничен дека примил мито за фалсификувана лиценца, кои се слабите точки во актуелниот Закон за угостителската дејност (по измените во 2008 г.) и во која насока ќе одат најавените измени. Во третиот сегмент гостинка е директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, со која разговараме за текот на лекувањето на повредените, типот на повредите, прифаќањето на оние што се згрижени во странство, капацитетите на македонскиот здравствен систем, а ја прашуваме и дали на земјава ѝ треба специјализиран центар за третирање изгореници.

Прегледи: 7261

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар