Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа 360 degrees season 11,show 30 Притисокот од премиерот дава резултат или ЈО признава дека не работело

360 degrees season 11,show 30 Притисокот од премиерот дава резултат или ЈО признава дека не работело

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on January 13, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Во екот на повеќе истраги и предистраги за потенцијална корупција и финансиски криминал, како и на бегството на неколку осомничени во тие случаи, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 за соговорник го имаме државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Денеска се навршуваат точно 11 месеци откако Собранието, на предлог на тогашната влада и на Советот на јавни обвинители, го избра Коцевски за шеф на Јавното обвинителство. Го прашуваме – во дадените околности на големи очекувања од борбата против корупцијата, колку го чувствува за товар тоа што е избран од мнозинството на СДСМ и ДУИ или дали треба да сметаме дека страв од евентуално разрешување диктира некои од неговите постапки сега. Што треба да заклучиме по задолжителното упатство со кое ги задолжи сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето по предметите од областа на корупцијата – дека притисокот на премиерот даде резултат или дека Коцевски призна оти обвинителството не работело како што треба? Разговараме за случајот „Државна лотарија“ и недостапноста на Артан Груби, за истрагата под кодно име „Адитив“, а државниот обвинител одговара и на прашањето – дали има и други предистраги за Електрани и РЕК „Битола“. Тема се и ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, наводите на премиерот дека биле следени тој и членови на неговото семејство, како и предистрагата за фирмите на Ристо Крмзов од Струмица.

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro