Broadcasted on October 17, 2024 (Thursday) on MRT1 at 20.15.
Во емисијата објавуваме:
– Дали со неусвојување на годишниот извештај на Судскиот совет власта сака да влезе во ремонт на ова тело; Фотографиите со заменик-министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, за новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, не се доказ дека таа е протеже на партијата;
– Продолжува градењето кај пензионерскиот дом во Чаир – и овој пат без информативна табла кој гради, што гради и по кое одобрение за градба, ако воопшто го има;
– Нов обид да профункционира Советот за граѓански надзор над следењето на комуникациите – од Собранието велат дека сега се создадени услови за конкурсот да успее и Советот да почне да работи;
– Што ќе бидат придобивките за граѓаните и за фирмите од зачленување на Северна Македонија во СЕПА – Единствената област за плаќање во евра;
– „Саботажа“.
Прегледи: 2807
1 коментар
И оваа Саботажа како и секогаш-ремек дело….