Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа 360° season 11, show 44 – Ќе гонам и актуелни функционери ако треба – интервју со шефот на Финансова

360° season 11, show 44 – Ќе гонам и актуелни функционери ако треба – интервју со шефот на Финансова

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on March 03, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција, по чии кривични пријави, меѓу другото, ексдиректорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски, заврши во притвор, а јавното обвинителство отвори истрага и за два случаи во „Државна лотарија“. Со Ивановски разговараме за тоа дали има совпаѓања со работата на други органи, што во таква ситуација, дали со МВР се ривали или партнери, каква им е соработаката со обвинителството, што мисли за иницијативата на Владата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски… Директорот на Финансиската полиција го прашуваме и колку неговиот партиски бекграунд (беше општински советник во Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ во два мандата, член на раководството на Унијата на млади сили) му дозволува непристрасно да ја извршува функцијата и колку е реално дека утре може да ги гони премиерот или министрите, ако треба, со оглед на тоа што е именуван за директор токму од нив. Тема се и неколку конкретни случаи што ги отвори оваа институција, како и (не)применливоста на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro