Broadcasted on June 2, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Зошто не слушаме ништо за најавата дека граѓаните ќе ги имаат личната карта и возачката дозвола на својот мобилен телефон – е едно од прашањата до министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Ја отвораме и темата за регулација на криптовалутите – дали Владата размислува во таа насока, дали поседувањето и тргувањето со криптовалути во овој момент е легално во земјава, дали пријавување на биткоини од функционер (пред ДКСК) е лесен начин за легализирање имот стекнат незаконски во текот на мандатот… Со Андоновски разговараме и за случаите со проблематични тендери во МДТ што ги отвори СДСМ, како и за именувањето на други членови на семејството Андоновски на позиции по смената на власта. Новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи или популарно закон за сајбер безбедност, се исто така предмет на дискусија.
Прегледи: 4921
4 коментари
А, стига бе… Той, баща му и брат му. 🤣🤣🤣🤣🤣🤣 Не, не мога да повярвам, че това е истина. 😁😁🤣🤣😁
Го слушам министерот и не ми се верува што слушам. Таткото и братот се сега на функции зошто предходната влада не знаела да ги искористи нивните квалитети. Монти Пајтон вода може да ви носат.
Има стабилен интернет ама 90% гледаат јутуб и турски серии. Основна дигитална писменост нема кај 70% од население, не знае мејл да користи а да не зборуваме за е услуги и сл. Чист пример за сите овие нови технологии ви е користењето на плаќање со мобилен и колкав % воопшто го користи. Сајбер безбедност е нешто за кое размислуваат само професионалци во приватни фирми во МК се останато е ПР..
Kako moze da nemoze da proveri, po transparentna mreza amin. Treba malce dvajcata da se educirate za blockchain kako raboti