Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360° season 11, show 77 – Бујар Османи пред одлука да се кандидира за градоначалник на Чаир

360° season 11, show 77 – Бујар Османи пред одлука да се кандидира за градоначалник на Чаир

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on July 07, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Дали премиерот на Албанија Еди Рама, со неодамнешните прошетка во скопската Стара чаршија во придружба на првенци на ДУИ и Арбен Таравари и средбата со Али Ахмети, ја преминува линијата на пристојност и (не)мешање во внатрешните работи на земјава – е една од темите на кои разговараме со потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во неколку ресори и влади Бујар Османи, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1. Го прашуваме и дали ќе се кандидира за градоначалник на Чаир, дали Данела Арсовска е алтерего на ДУИ во обзнанувањето документи за незаконски легализации на дивоградби, дали Таравари ќе биде дел од предизборна коалиција со ДУИ, треба ли да има предвремени парламентарни избори напролет. Тема се и обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски дека тргањето на референците за македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот парламент се поради Бујар Османи и прифаќањето на т.н. француски предлог во 2022 година.

Прегледи: 5940

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар