Broadcasted on January 23, 2025 (Thursday) on MRT1 at 22.45.
Во ова издание донесуваме:
– Во 2010 г. во земјава се родиле 24 296 деца, а во 2023 г. – 16 737 што е пад за 31,1 отсто; феноменот е присутен кај сите етнички заедници – помалку кај Албанците (23,1%), најмногу кај Ромите (44,8%);
– Македонија и Украина, која е во војна, демографски стојат најлошо во Европа – вели националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, Влатко Ѓорчев;
– Тестиравме дали државните институции и приватните субјекти ги признаваат електронските документи по неодамнешните измени на законот; го прашавме министерот Стефан Андоновски дали го следат спроведувањето;
– За Водици, во долнореканското Битуше успеале да го зачуваат изворниот начин на празнување, а старите адети во модерно време се блиску до атракција – репортажа;
– „Саботажа“
Прегледи: 23