Почеток 53 сателити беа успешно лансирани од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток

53 сателити беа успешно лансирани од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Педесет и три сателити од Русија и од странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот Восточни во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабве и два ирански сателити, пренесе ТАСС.

Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, во понеделникот објави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателити во орбитата со помош на ракета Сојуз.

Текстот 53 сателити беа успешно лансирани од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro