11
Ревизијата на работењето на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) досега открила дека 60 компании и 50 приватни здравствени установи ги злоупотребиле средствата што ги добиле од Фондот, откри на денешната прес конференција в.д. директорот на ФИТР Никола Додов.
Тој рече дека овие утврдени злоупотреби ќе бидат доставени до надлежното Јавно обвинителство, по кои што ќе се постапува и најави дека Фондот жестоко ќе се бори тие пари да бидат вратени.