Почеток МАКЕДОНИЈА68 години од смртта на Методија Андонов Ченто

68 години од смртта на Методија Андонов Ченто

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денес се обележува 68 години од смртта на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

По тој повод пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески се поклони пред споменикот на Методија Андонов Ченто.

Тој на својот Фејзбук профил напиша:

„Ченто останува симбол на визија, борба и достоинство – човек што со дела, а не само со зборови, се залагаше за слободна, независна и достоинствена Македонија. Како прилепчани, со посебна гордост се сеќаваме на неговиот живот, на неговата саможртва и на неговата непоколеблива љубов кон татковината. Неговото име не е само дел од историјата – тоа е обврска и потсетник дека слободата, правдата и државноста се идеали што вреди да се бранат. Вечна слава за Методија Андонов – Ченто. Нека неговото дело вечно гори како пламен во нашата совест и иднина.

Пратеникот исто така додаде:

„Штета што овој великан денес не се најде на агендата на предавниците од сдсм и шарените квазипатриоти членови на сектата на умисленото лидерче. Димче Апасиев најде време да се поклони на гробот на Енвер Хоџа, но не најде време да се поклони пред Ченто. Токму ова е лицемерие во политиката, за кое често зборувам и против кое се борам, го разголувам и ќе продолжам да се борам.

Срамно и мизерно е македонски политички партии да не најдат време да се поклонат пред спомен обележјето на првиот претседател на Македонија.“

Можно е и ова да ти се допаѓа