Почеток СПОРТКошарка Светислав Пешиќ сепак останува селектор на Србија

Светислав Пешиќ сепак останува селектор на Србија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кошаркарскиот стратег Светислав Пешиќ сепак ќе остане на чело на репрезентацијата на Србија.

Новиот претседател на Српската кошаркарска федерација, Небојша Човиќ успеал да го убеди искусниот стратег да остане на чело на репрезентацијата.

Како што пренесуваат српските медиуми, Пешиќ ќе ја води репрезентацијата само уште на Евробаскетот следната година каде главна цел ќе биде нападот на златниот медал.

Се очекува ова првенство да биде проштално за Пешиќ, а најавите се дека по одличните игри во Париз сите ѕвезди, предводени од Никола Јокиќ ќе бидат дел од репрезентацијата.

Без разлика на резултатот на ЕП по завршувањето на шампионатот Србија ќе бара нов селектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro