Почеток СПОРТ Проблеми за Медведев: Се повлече од турнирот поради повреда на рамото

Проблеми за Медведев: Се повлече од турнирот поради повреда на рамото

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Рускиот тенисер Данил Медведев се откажа од турнирот во Виена поради повреда на рамото, соопштија денеска организаторите на серијата 500.

Самиот играч најави откажување.

– Имам многу убави спомени од Виена и од овој турнир, затоа ми е жал што нема да играм оваа година, но следната година дефинитивно ќе се вратам – напиша Русинот на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).

Медведев вчера одигра егзибициски меч против Јаник Синер во Ријад и загуби без проблеми 0:2 (0:6, 3:6). Русинот во најавата не ја спомена должината на паузата, па се уште не е познато дали ќе игра на Мастерсот во Париз кој започнува на крајот на следната недела.

Австриецот Доминик Тием и официјално ќе ја заврши кариерата на турнирот во Виена кој започнува на 21 октомври, а главни фаворити за освојување на трофејот ќе бидат Александар Зверев, Тејлор Фриц, Григор Димитров и Алекс де Минор.

Текстот Проблеми за Медведев: Се повлече од турнирот поради повреда на рамото е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro