Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ По поразот од Македонија, ерменскиот селектор доби отказ

По поразот од Македонија, ерменскиот селектор доби отказ

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Олександр Петраков ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на тамошната фудбалска федерација.

Шеесет и седумгодишниот Украинец е отпуштен по вчерашниот пораз (0:2) од македонската репрезентација во 4. коло од Лигата на нации.

Петраков ја водеше ерменската репрезентација од јануари 2023 година. Ерменците ги загубија шансите за првото место во групата 4 од Лигата Ц.

Во следниот натпревар Ерменија ќе се сретне со Фарски Острови на 14 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro