Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗдравје ФЗОМ: Подобра грижа за цистична фиброза

ФЗОМ: Подобра грижа за цистична фиброза

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија остваривме средба за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза, со делегација на Вертекс, предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа, и со учество на Игор Г. Николов, советник на премиерот за реформи во здравството, објави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Вертекс е единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот. Вертекс го истакна значењето на раната детекција, каде Македонија (МАНУ) има резултати на европско ниво, и потребата од колку е можно порано вклучување на болните. Фондот ја искажа благодарноста на напорите на Вертекс, како општо за иновативната терапија, така и специфично за поддршката на Македонија, која започнува во 2022 година. Исто така е истакната спремноста за подобрување на грижата со вклучување на повеќе пациенти што е можно порано. Со договор за брза следна средба за понатамишните чекори, објави Клековски на социјаните мрежи.

The post ФЗОМ: Подобра грижа за цистична фиброза appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro