Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, беше расположен по поразот од Карлос Алкараз во полуфиналето на егзибицискиот турнир во Ријад. Младиот шпански тенисер во два сета го совлада славниот сонародник и закажа решавачки меч со светскиот рекет број еден Јанико Синер.
„Се чувствувам добро… Ме поддржуваат и сакаат во целиот свет. Никогаш нема да можам да им се заблагодарам на сите доволно. Ми помагаа кога имав тешки моменти. Секогаш ме носеа на ново ниво на енергија. Се чувствувам многу среќен“, изјави Надал и продолжи:
„Имав долга и успешна кариера. Поддршката и љубовта од целиот свет значи дека ми оди добро, и на теренот и надвор од него во исто време. Сите овие години се трудев да бидам добар со сите. Се чувствувам среќно и задоволно поради љубовта што ја добивам од навивачите од сите страни. Ви благодарам“.
Шпанецот денеска ќе одигра меч за третото место против најголемиот ривал во кариерата Србинот Новак Ѓоковиќ, а последно натпреварување во кое ќе учествува ќе биде со репрезентацијата на Шпанија, финалето во Дејвис купот (19-24 ноември).