Холандската полиција уапси две лица откако пронашла 334 килограми кокаин во пратка со банани во холандското пристаниште Влисинген. Кокаинот е пронајден во средата, соопшти синоќа Обвинителството (ОМ), објави NL Times.
Дрогата била во пратка со банани од Колумбија, а според државното обвинителство била со улична вредност од над 25 милиони евра. Детективскиот тим на единицата Зеланд-Западен Брабант започна истрага, која резултираше со апсење на 55-годишен жител на Хендрик-Идо-Амбахт.
По наредба на судот вчера е претресена куќата на осомничениот, а одземени се носачи на дигитални податоци, административни документи, пари, рачни часовници и две возила, јавува Танјуг.