5
Од екипата на Ред Бул потврдија дека ќе мора да направат корекции на нивниот болид пред Американското ГП во Остин, по барање на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Ова е само продолжение на проблемите со кои се соочува тимот во вториот дел од сезоната, чиј прв возач е Макс Верстапен, трикратен последователен светски шампион и актуелен лидер во шампионатот.
Ривалите ја предупредија ФИА дека Ред Бул има уред во кокпитот со кој може да ја приспособи висината на подот на болидот. Тие веруваа дека тимот може да направи одредени промени во поставеноста помеѓу квалификациите и трката, што не е дозволено.