5
Мексиканската морнарица заплени 8,4 тони дрога на брегот на Пацификот на земјата и уапси 23 лица.
Во акција на мексиканската морнарица кај југозападниот брег на земјата, запленети се околу 8,4 тони дрога, пренесува Ројтерс.
„Ова претставува најголема количина на дрога запленета во поморска операција, без преседан во историјата на таа институција“, се вели во соопштението на морнарицата.
Морнарицата запленила и 8,7 тони гориво и шест чамци.
Уапсени се 23 лица кои се предадени на надлежните органи.
Запленетиот имот е во вредност од најмалку две милијарди пезоси (100 милиони долари), се вели во соопштението.