Нема место во општина Гази Баба кое нема вода за пиење, а проблемот со недостатокот на фекалната канализација полека, но сигурно се надминува, истакна во своето видеообраќање, градоначалникот Бобан Стефковски, по повод три години од одржувањето на локалните избори, потенцирајќи дека во тој период се реализирани и започнати со реализација 530 проекти.
– Изградивме спортска сала во Стајковци, а за неколку дена ќе ја пуштиме во употреба и новата сала во Булачани. Дополнително, до крајот на годината ќе започнеме со изградба на нова сала и во Црешево. Градиме нова детска градинка во Трубарево, а за неколку недели од денес ќе започнеме со изградба на нова градинка во Инџиково – најави Стефковски.
Тој на крајот од обраќањето порача дека тука нема да се застане и оти ќе се продолжи да се работи со уште посилно темпо, со цел како што рече, реализација на проект повеќе.