Почеток СПОРТОстанати спортови Шестмесечна суспензија за италијанската ватерполо репрезентација поради напад на судии

Шестмесечна суспензија за италијанската ватерполо репрезентација поради напад на судии

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Италијанската машка ватерполо репрезентација е суспендирана на шест месеци од Одделот за интегритет на водни спортови (AQIU) поради инцидентот во кој беа нападнати судии на Олимписките игри во Париз.
Во четврт-финалето на олимпискиот турнир, Италија загуби од Унгарија по изведувањето пенали, а еден од клучните моменти се случи на крајот на втората четвртина кога судиите го исклучија италијанскиот репрезентативец Франческо Кондеми поради груб прекршок.
Судиската одлука предизвика гневни реакции во италијанскиот табор, како и физички напад врз официјалните лица по завршување на натпреварот.

Италијанскиот селектор Сандро Кампања и дел од играчите вербално и физички ги нападнаа судиите и делегатите на паркингот пред базенот по натпреварот“, соопшти „AQIU“.

Италијанската Федерација е казнета и парично со 100.000 долари.

The post Шестмесечна суспензија за италијанската ватерполо репрезентација поради напад на судии appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro