Почеток Црна Хроника МВР изрече казна од 3000 евра за фирмата и 900 евра за лице поради неипсравен тахограф

МВР изрече казна од 3000 евра за фирмата и 900 евра за лице поради неипсравен тахограф

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера (18.10.) околу 13.00 часот на наплатната рампа Кадрифаково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запреле и извршиле контрола на автобус марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе.
Притоа, во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

The post МВР изрече казна од 3000 евра за фирмата и 900 евра за лице поради неипсравен тахограф appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro