Почеток СПОРТФудбал Малку им се парите: Барселона не е задоволна од новиот формат на ЛШ

Малку им се парите: Барселона не е задоволна од новиот формат на ЛШ

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се изјасни против новиот формат на Лигата на шампионите. Тој особено не го одобри поголемиот број натпревари на турнирот.

-Мислев дека ќе добиеме повеќе пари, но се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се ​​освои Лигата на шампионите е престижно, но очекував се да биде поинаку. Суперлигата? Таа е пожива од кога било и се е подготвено за неа. Потребно е само да се постигне разбирање со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да ја игра улогата на мост меѓу Суперлигата и федерациите, потенцираше газдата на каталонскиот клуб.

Лапорта се изјасни негативно и за натпреварите во Лигата на нациите.
-Јас сум против овој турнир. УЕФА го организира преку задната врата. Таму не се почитуваат правата на играчите, а клубовите плаќаат. Работите мора да се регулираат за да бидат во интерес на играчите и клубовите, додаде Лапорта.

The post Малку им се парите: Барселона не е задоволна од новиот формат на ЛШ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro