Почеток Нова кривична за Мерко, незаконски именувал директорка

Нова кривична за Мерко, незаконски именувал директорка

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кадар на опозициската ДУИ, заработи кривична пријава од ОВР Струга, поради незаконско именување на директорка на училиште во Струга, која не ги исполнувала условите.

Мерко, кој се наоѓа на т.н. црна листа на САД, според ОВР Струга, на 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга.

-Тоа, го направил, иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање на англиски јазик.

Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење на работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето, велат од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кого е поднесено ново обвинение

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко, досега осум

Фото: Мерко/Фејсбук

The post Нова кривична за Мерко, незаконски именувал директорка appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro